Кристијано Роналдо ги именуваше бразилските фудбалски легенди Роналдињо и Роналдо Назарио како негови фудбалски идоли, но на шега вели дека освоил повеќе награди и титули од нив.
Во долгото интервју за „ЕСПН Бразил“, тој призна дека двете „самба“ легенди се фудбалерите на кои им се восхитувал како млад, посебно на Светското првенство во 2002 година.
„Навистина не сакам да правам споредби, но велам дека Роналдо Назарио и Роналдињо Гаучо оставија зад себе голема фудбалска историја. Но, фактите велат дека јас освоив повеќе индивидуални награди од нив, иако тие имаат Светско првенство. Навистина ги сакам. Пораснав гледајќи ги како играат и не е најважно да се каже кој е најдобар, а кој е втор. Велам дека се идоли и дека оставија прекрасна фудбалска приказна зад нив“, вели 36-годишниот Роналдо.