Португалија стигна до супер-важна победа во квалификациите за Европското првенство во 2020, откако на „Рајко Митиќ“ во Белград успеа да изддржи за 4:2 победа над Србија, која со овој пораз си ги влошува шансите за пласман на шампионатот.
Вилијам Карваљо во 42. минута од мечот го постигна својот трет интернационален гол, откако ја искористи мешаницата пред голот и лошата реакција на голманот Марко Дмитровиќ. Ако за првиот гол имаа малку среќа, вториот гол на Португалците беше ремек-дело, откако Гонсало Гуедеш постигна прекрасен гол во 58. минута.
Никола Миленковиќ им даде малку надеж на Србите дека можат да се вратат во мечот во 68. минута, пред Кристијано Роналдо во 80. минута да добие убава топка од Бернардо Силва и да го лобува Дмитровиќ.
Сепак, тука не беше крајот. Само пет минути подоцна, Александар Митровиќ намали на 3:2, за во нервозни последни минути, пред Бернардо Силва по асистенцијата да постигне и гол за конечни 4:2.
Со победата, по двете ремија (со Украина и Србија дома), Португалија се врати на второто место на табелата во групата Б со 5 поени, дури осум помалку од Украина, која има два меча повеќе. Србите имаат само четири.
ГРУПА Б
Србија – Португалија 2:4
Табела: 1.Украина 13, 2.Португалија 5, 3.Луксембург 4, 4.Србија 4, 5.Литванија 1