Желбата на Кристијано Роналдо за фудбал, голови и успеси е огромна, толку многу што и на речиси 38 години не мисли дека е време за „пензија“. Тој изјави дека Светското првенство во Катар нема да биде последното големо натпреварување во неговата кариера.
„Моето патување не е завршено. Ќе бидам дел од Светското првенство, а сакам и на ЕВРО 2024. Ќе ме гледате уште некое време“, изјави Роналдо.
За Португалија, Кристијано Роналдо одигра 189 натпревари и постигна 117 голови. Тој го освои ЕВРО 2016 во Франција.
Роналдо во февруари ќе наполни 38 години.