Кристијано Роналдо конечно се јави со свој коментар, по повод изборот на ФИФА за играч на годината. Португалецот, во изборот заврши на второто место, зад лауреатот Лука Модриќ, а пред Мохамед Салах од Ливерпул. Роналдо на крајот освои 19 отсто од гласовите, около десет отсто помалку од Модриќ.
Изборот на Модриќ покрена лавина од реакции, многумина му честитаа, а не е мала бројката на овие што сметаат дека не ја заслужил наградата.
Откако работите „легнаа“, се огласи и Кристијано Роналдо, кој на поранешниот соиграч му ја честиташе наградата во пренос во живо на „Инстаграм“.
„Честитки до Лука Модриќ што го освои трофејот“, вели Роналдо.
„Наградите се награди, а јас веќе имам неколку такви. Играм за да победувам, а не за да освојувам награди. Веќе 15 години играм на високо ниво и горд сум на своите постигнувања“, истакнал славниот Португалец кој од оваа сезона го носи дресот на Јувентус.
https://twitter.com/Cr7Fran4ever/status/1045818564547162117