Обвинувањата кон ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо за силување се повлечени, објавува новинската агенција „Блумберг“.
Според нив, минатиот месец во државниот суд во Лас Вегас, се поднесени документи за повлекување на тужбата, иако не е јасно дали Кетрин Мајорга, жената која го обвинуваше фудбалерот, добила договор со Роналдо.
34-годишната Мајорга минатиот септември го пријави Роналдо пред полицијата во Лас Вегас, тврдејќи дека била сексуално нападната од фудбалерот во неговата хотелска соба во 2009 година. Иако, Мајорга подоцна во 2010 година се договорила со Роналдо, добивајќи 375.000 долари за да молчи за инцидентот, нејзините адвокати тврдеа дека овој договор е невалиден.
Полицијата на Невада повторно ја отвори истрагата за обвинувањата, додека Роналдо постојано ги отфрлаше обвинувањата. Во јануари, полицијата побара ДНК примерок од Роналдо за да спореди дали неговата ДНК е присутна на фустанот на Мајорга.
По овој случај, акциите на Јувентус паднаа за 15 отсто, додека 34-годишниот Португалец беше сменет од насловната страница на компјутерската игра „ФИФА 19“.
Се „појави“ видео од Роналдо со Американката која го обвинува за силување (видео)