Кристијано Роналдо вели дека нема да го „притиска“ својот син Кристијано Јуниор да стане фудбалер, иако го нервира кога пие кока-кола и јаде чипс, но вели дека сака тој да биде најдобар во тоа што ќе го прави во животот.
10-годишниот Кристијано Јуниор игра за академијата на Јувентус, каде што неколку пати покажа дека фудбалот му е во крвта со фантастични голови и потези, но ЦР7 вели дека нема да има притисок.
„Ќе видиме дали мојот син ќе стане голем фудбалер. Понекогаш пие кока-кола и јаде чипс, и знае дека тоа ме нервира. Секогаш му велам дека е потребна работа и посветеност за успех. Нема да го терам да стане професионален фудбалер, но не можам да кријам дека би го сакал тоа. Најважно е да биде најдобар во тоа што ќе го прави, без разлика дали се работи за фудбалот или за медицината“, вели Роналдо.
Подобар од тато! Кристијано Јуниор со седум гола на еден меч (видео)