Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг доби едно до своите посакувани засилувања, откако 22-годишниот Бразилец Антони премина кај „ѓаволите“ за огромна сума од Ајакс.
Се работи за фудбалер кој се гордее со своите трикови и потези, а и самите Јунајтед го препознаа тоа кога на социјалните мрежи споделија видео со порака: „360 на рипит“ со неговото препознатливо вртење со топката.
Но, на социјалните мрежи попопуларно стана друго видео, во кое младиот Кристијано Роналдо го прави истото на тренинг со португалската репрезентација, нешто што очигледно Антони го гледал.
Двајцата ќе имаат шанси да ги покажат своите таленти заедно, откако 37-годишниот Роналдо не успеа да примора трансфер од „Олд Трафорд“.
3️⃣6️⃣0️⃣ on repeat ?@Antony00™️#MUFC pic.twitter.com/gFWFTJHVd0
— Manchester United (@ManUtd) September 1, 2022
A young Ronaldo doing Antony’s 360 signature move ?? pic.twitter.com/1i3GFrI8Eg
— ??? (@Retro_Utd) September 2, 2022