Top Sport

Роналдо прослави со сите фудбалери на Манчестер јунајтед

И покрај шпекулациите дека ќе се разделат веќе во јануари, Манчестер јунајтед му честиташе на Кристијано Роналдо за неговиот неверојатен 700. гол во кариерата, постигнат вчера при 2:1 победата над Евертон на „Гудисон парк“.

По мечот, Јунајтед му дадоа на Роналдо дрес со бројот 700, наместо обичнт 7-ка, и во исто време, целосниот состав на „ѓаволите“ доби фотографија за историја.

Роналдо претхдно, денес наутро на социјалните мрежи им се заблагодари на своите фанови: „Каков прекрасен број остваривме заедно. Благодрност со сите мои соиграчи, тренери, клубови, до семејството и пријателите и секако моите фанови. Обединети (United) продолжуваме“.

Scroll to Top