Кристијано Роналдо се заблагодари на своите фанови откако стана првата личност со над 400 милиони следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.
37-годишната ѕвезда на Манчестер јунајтед, кој во моментов има 404 милиони следбеници, објави видео на социјалната мрежа со својата славна прослава „Сиу“, но порача дека сака уште „100 и 200 милиони следбеници“ во видеото објавено во понеделникот.
„Здраво дечки, 400 милиони! Каква бројка, сега можам да кажам сиуу! Фантастично, каков момент за мене. Без вас ова не би било возможно. Од срце ви благодарам. Продолжете така. Ќе го споделам мојот живот со вас, бидејќи го заслужувате тоа. Ајде уште 100 милиони, 200 милиони, благодарам дечки“, вели Роналдо.
Роналдо има „предност“ од 92 милиони следбеници пред втората личност на Инстаграм, американската манекенка Кајли Џенер и уште послатко за него, 96 милиони следбеници повеќе од третиот на листата, вечниот ривал Лионел Меси.