Top Sport

Роналдо со бонус од 850.000 фунти за хет-трикот, секој следен гол 100.000 фунти!

Кристијано Роналдо ги „спаси“ Манчестер јунајтед вчера со својот хет-трик за 3:2 победа над Норич, достигнување што убаво ќе го наплати, откако стигна до бонусот во својот договор со „ѓаволите“, тврди британскиот Сан.

Според нивните извори, во договорот на Роналдо има бонус од 750.000 фунти за тоа што стигна до над 20 голови во сезоната (сега има 21), а ќе добие и 100.000 фунти бонус за хет-трикот.

Покрај ова, Јунајтед ќе му исплаќаат дополнителни 100.000 фунти за секој гол кој ќе го постигне до крајот на сезоната, а најверојатно ќе го добие и бонусот од 1 милион фунти кој клубот го исплаќа на најдобриот стрелец во сезоната – тој има 12 повеќе од својот најблизок конкурент, сонародникот Бруно Фернандеш. Доколку успее да стигне до 30 гола оваа сезона, тој ќе добие и дополнителни 2.75 милиони фунти.

И покрај сите критики за неговото влијание во потпросечната сезона на Јунајтед, Роналдо е клучен за заддржување на шансите за топ 4 пласман.

Scroll to Top