Кристијано Роналдо и неговите соиграчи од Манчестер јунајтед се упатија на ручек во италијански ресторан во Манчестер пред дербито со Сити за подобрување на тимската атмосфера, и на крајот Португалецот освен со дружбата остана и со казна за непрописно паркирање.
Ѕвездите на Јунајтед беа гости на италијанскиот ресторан „Чибо“ во Хејл по покана на Оле Гунар Солскјер, кој по тренингот сакаше да ги мотивира пред саботното дерби со лутиот градски ривал со малку паста и шпагети.
Роналдо го предводеше тимот покрај Рафаел Варан, но го „фати“ окото и на локалниот сообраќаец кој му остави казна на неговиот „Ренџ Ровер“.