Дефанзивецот на Вилјареал, Рубен Семедо излезе од шпанскиот затвор пет месеци откако плати 30.000 евра кауција, објавија шпанските медиуми, откако тој беше затворен за повеќе криминални дела како грабеж, напад, киднапирање и обид за убиство.
24-годишниот Португалец беше уапсен откако заедно со уште двајца негови другари врзале и нападнале човек во неговиот дом, по што ја ограбиле куќата. Тој мора да остане во Шпанија и секоја недела да се пријавува во судот.
Семедо беше суспендиран без плата од Вилјареал, а досегашните барања за кауција беа одбивани од судот. Ова не е прв судир со законот за Семедо – тој минатиот ноември беше обвинет за носење оружје во еден ноќен клуб во Валенсија и тепачка во градот.
Семедо дојде во Вилјареал од Спортинг Лисабон за 14 милиони евра, но оттогаш играше само четири меча во Ла лига.