Оскар Руџери поранешен репрезентативец на Аргентина денес е водител на Тв емисијата „90 Minutes of Soccer“. Гостин во неговата емисија бил прославениот Уругваец Диего Форлан. Во разговорот Руџери проговорил и за сомнителниот натпревар помеѓу Хрватска и Аргентина одигран во јуни 1994 година.
Аргентина во 1994 година како дел од подготовките за Светското првенство во САД играше пријателски натпревари. Еден од противниците им биле и Хрватите кои во тоа време немаа право на настап во квалификациите, но со дозвола на ФИФА имаа право да играат пријателски натпревари.
Приказната за овој сомнителен натпревар започнала кога Руџери го прашал Форлан што мисли за чудниот натпревар помеѓу Аргентина и Уругвај одигран во квалификациите за пласман на СП во 2002 година. Форлан му рекол дека не знае ништо бидејќи не играл, а потоа возвратил со контра прашање.
„Колку такви натпревари си одиграл ти?“, прашал Форлан, а Риџери му одговорил.
„Се сеќавам само на една, против Хрвтска“.
Руџери рекол дека мечот во Загреб не требало да се игра, бидејќи играчите биле преморени. Во краток период Аргентинците играле против Еквадор и Израел.
„Се сеќавам дека Хрватска тогаш имаше страшен тим. Играа Бобан, Шукер, оној плавиот од Реал (Просинечки)…Беа запалени, а ние од патувањата не можевме да стоиме. Диего Марадона добро го познаваше Шукер и разговараа додека не падна конечниот договор: „Нема да се напаѓаме“, завршил Руџери.
Оскар Руџери играше за Аргентина во 1986 година кога „гаучосите“ ја освоија титулата и четири години подоцна кога беа поразени во финалето од Германија.