Анхел ди Марија можеше да биде голема ѕвезда за Манчестер јунајтед и останува „фантастичен“ фудбалер, вели неговиот поранешен соиграч и легенда на „ѓаволите“, Вејн Руни.
Јунајтед го срушија тогашниот британски рекорд откако платија 60 милиони фунти на Реал Мадрид за да го донесат Аргентинецот во клубот во 2014 година и тој пристигна со репутација како еден од најдобрите напаѓачи во Европа, но имаше кошмарни 12 месеци под Луис ван Гал во клубот.
Тој постигна само 4 гола во 32 меча за Јунајтед и веднаш беше продаден за 14 милиони фунти на Пари Сен-Жермен, каде што освои 15 трофеи со клубот и беше клучен во овогодишниот пласман во финалето на ЛШ.
„Ди Марија е фантастичен фудбалер. Кога дојде во Јунајтед се сеќавам дека Ван Гал ни кажа: ’Тој е единствениот кому му е дозволено да дрибла’. Тој работеше напорно во тимот и има фантастична визиа на фудбалот. Можеше да биде голема ѕвезда во Јунајтед, но тоа беше период на транзиција во клубот и беше тешко да се навикне. Имаше мали деца и живееше блиску до мене кога некој се обиде да го ограби. Тоа навистина го потресе и мислам дека тогаш реши да си замине“, вели Руни.
По заминувањето од Јунајтед, Ди Марија немаше убави зборови за Манчестер, а неговата сопруга неодамна го спореди градот со „канализација“.
Ди Марија не може да ги поднесе Манчестер јунајтед ниту на телевизија