Top Sport

Руни со порака за роденденот на Рио: Што те изнервирав толку?!

Англискиот фудбалер Вејн Руни (33) му го честиташе роденденот на својот екс-репрезентативен и клупски колега, Рио Фердинанд (40) со интересна фотографија на која дефанзивецот силно со рацете ја држи главата на голгетерот на тимот.

„Среќен 40. роденден @rioferdy5. Одлични спомени, но не сум сигурен што сторив за толку да те изнервирам“ – напишал Руни на Твитер како опис за фотографијата.

Одличните фудбалери заедно настапуваа за Манчестер Јунајтед во периодот од 2004 до 2014 година.

Scroll to Top