Одлуката на Светската анти-допинг агенција (ВАДА) за доделување на четиригодишна интернационална суспензија на руските спортисти, ќе влијае и на руската фудбалска репрезентација на различни начини.
Домаќините на СП 2018, кои дома стигнаа до четврт-финалето на турнирот, веќе се квалификувани на Евро 2020, а Санкт Петербург еден од домаќините на спортското натпреварување и тука нема сомнеж, тие не можат да бидат исфрлени.
Четиригодишната суспензија се однесува на интернационалните натпреварувања, не стриктно на фудбалските натпреварувања. Тоа значи дека руското знаме и химна нема да биде присутно на СП во женска конкуренција во 2023, на Олимпијадата во 2020 во Токио и на Зимската Олимпијада во Пекинг во 2022. Русија ќе се натпреварува на натпреварувањата организирани од УЕФА, бидејќи тие не се класифицирани како „натпреварувања организирани од голема спортска федерација“.
„ФИФА е во контакт со ВАДА за да се разјасни казната на Русија во однос на фудбалот“, објави портпаролот на ФИФА.
Индивидуалните спортисти кои можат да докажат дека не се вклучени во рускиот анти-допинг систем ќе можат да се натпреваруваат под неутрално знаме, но тоа не е практично за фудбалските турнири.
Русија исфрлена од Олимписките игри и светското фудбалско првенство