Руската спортска новинарка и ТВ-водителка, Марија Орзул се дистанцираше од рускиот капитен Артем Ѕјуба по скандалот со видеото со неговото мастурбирање, но не успеа да се возддржи и изјави дека нејзиното шоу има „такво влијание“ на мажите.
На снимката на фудбалерот на Зенит Санкт Петерсбург, кој беше исфрлен од руската репрезентација за следните три натпревари, во позадина се слуша емисијата на Орзул на „Меч ТВ“, по што руските медиуми тврдеа дека снимката е наменета тому за неа.
Ѕјуба и Орзул имаат заедничка историја, откако во 2015 година руските папараци ги фатија како се бакнуваат во автомобил, но Ѕјуба потоа се врати на својата сопруга со која има две деца. Орзул сега вели дека таа не е одговорна.
„Очигледно, моите програми се толку кул што мажите реагираат така. Јас не сум вклучена и затоа не сакам прашања. Не знам како ваквите видеа се појавуваат во јавноста, тоа прашајте го Артем. Не сум се сретнала со него милион години“, вели Орзул.
Ѕјуба по скандалот со мастурбирањето утна пенал, постигна гол и се извини!