Top Sport

Вулверхемптон го претстави Диего Коста

Фудбалскиот клуб Вулверхемптон денеска го потврди трансферот на Диего Коста. Шпанскиот напаѓач дојде како слободен играч, потпиша договор до крајот на сезоната, откако се повреди новајлијата Саша Калајџиќ и ќе отсуствува неколку месеци.

Така Коста по пет години се врати во Премиерлигата, откако во периодот од 2014 до 2017 година настапуваше за Челси и во тој период одигра 89 натпревари, постигна 52 гола и забележа 18 асистенции.

Диего Коста играше за Брага и за Валјадолид, но се прослави дури кога го облече дресот на Атлетико Мадрид во 2012 година.

Од Атлетико замина во Челси, а од Лондон се врати во Мадрид, за подоцна да заигра за Атлетико Минеиро, со кого оваа зима го раскина договорот.

Прашање е колку ќе биде физички подготвен Шпанецот, но „волците“ решија да му веруваат до крајот на актуелната сезона.

Scroll to Top