Сенегалскиот напаѓач на Баерн Минхен, Садио Мане, се збогува со своите соиграчи. Офанзивниот фудбалер нема да оди со тимот во Сингапур за да го финализира својот трансфер во Ал-Наср, пренесуваат германските медиуми.
Се очекува тој утре да ги помине медицинските прегледи во Дубаи.
Баерн и Ал-Наср се договорија за трансферот, Баварците ќе добијат помалку од 30 милиони евра, а дополнително во зделката ќе бидат вклучени и бонуси.
Договорот на Садио Мане ќе биде до летото 2027 година, а тој ќе заработува 40 милиони евра по сезона.