Тиери Анри рекол дека би бил среќен доколку во тренерската кариера биде успешен како поранешните негови колеги од репрезентацијата, Дидие Дешам и Зинедин Зидан. Анри, во Монако, ќе го има првиот самостоен тренерски ангажман.
Легендарниот напаѓач на Арсенал и освојувач на светската круна со Франција во 1998 година ќе се обиде да тргне по стапките на славните сонародници.
„Би било фантастично кога би ги остварил тие успеси. Кога ќе се сретнам со Деде и Зизу секогаш разговараме за тактиките, што е малку чудно. Им се восхитувам на двајцата, сите знаат што оствариле во кариерите. Некогаш разговаравме за фудбалот. Тие се вистински примери за сите, особено за луѓето во Франција“, рекол Анри.