Арсенал им се врати на победите во Премиерлигата славејќи минимално против Астон Вила на гости со 0:1. Тимот на Микел Артета сега има 54 бода и се зацврсти на четвртата позиција на табелата.
Бакајо Сака беше човек на одлука на овој меч. Тој го постигна победничкиот гол за „топчиите“ во 30.минута откако шутираше од 20 метри. Емилијано Мартинез беше покриен и на крајот топката заврши во неговата мрежа.