Top Sport

Монако сака да го врати Дорси во Евролигата

Поранешниот кошаркар на Олимпијакос, Тајлер Дорси, доби раскин на договорот со Далас Маверикс во НБА лигата и стана слободен играч.

Одличниот стрелец ќе биде еден од најбараните играчи во Евролигата, а веќе ја доби и првата конкретна понуда за соработка. Монако испрати понуда вредна 1,25 милиони евра до крајот на сезоната.

„Кнезовите“ имаат одлична сезона, но бековската позиција е празна по тешката повреда на Џордан Лојд на мечот против Реал Мадрид.

Дорси не одигра ниту еден натпревар во НБА и настапуваше за развојниот тим на Далас Маверикс.

Scroll to Top