Давиде Никола веќе не е тренер на Салернитана, пренесува официјалниот сајт на клубот. Неговото отпуштање доаѓа само неколку часа по кошмарниот пораз од Аталанта со 2:8 во дуелот од Серија А.
Кремонезе пред два дена го отпушти тренерот Масимилијано Алвини.
Салернитана се наоѓа на 16. позиција во поредокот со 18 бодови од 18 натпревари. Тимот нема победа од октомври кога го победи Лацио со 3:1, а потоа забележа четири порази и две нерешени средби.
Давиде Никола ја презеде Салернитана во февруари 2022 година и му помогна на тимот да избегне испаѓање минатата сезона.