Фудбалерите на холандската репрезентација, Френки де Јонг и Георгинио Вајналдум покажаа дека не важна бојата на кожата кога се работи за достигнувањата на фудбалските терени, откако фудбалерот на Ливерпул, Вајналдум ја имаше капитенската лента за мечот со Естонија, последен во квалификацискиот циклус за Евро 2020.
Ова доаѓа откако на мечот од холандската втора лига помеѓу Ден Бош и Екцелсиор беше забележан расистички инцидент по кој мечот беше прекинат.
Вајналдум во понеделникот на пресот потврди дека тој во соработка со селекторот Роналд Куман се согласиле дека ако има расистички извици од трибините ќе го напуштат мечот. Откако го постигна првиот гол за Холандија дојде овој прекрасен потег.
?? Wijnaldum is captaining the Holland side tonight. He scored a goal then brought in Frenkie de Jong to celebrate with him as a message for anti-racism. This is powerful. #SayNoToRacism pic.twitter.com/PLqxnQAKZW
— FutbolBible (@FutbolBible) November 19, 2019