Top Sport

Крај на кинеската НБА турнеја – Нетси повторно беа подобри од Лејкерси (видео)

Бруклин нетс вторпат во само неколку дена ги совладаа Лос Анџелес лејкерс во меч од пред-сезоната во НБА, триумфирајќи со 91:77 на мечот во кинескиот Шенжен.

Мечот започна лошо за Леброн Џејмс и неговите соиграчи, откако Нетси направија 7:0 во првите четири минути од мечот, пред Лејкерси да вратат со 11:0 низа и првпат да дојдат во водство. Лејкерси имаа до пет поени предност во втората четвртина, пред Нетси да направат 11 разлика на полувреме (47:36).

Ова водство потоа Бруклин не го загуби и иако имаше +17, на крајот стигнаа до победа од 91:77. Керис Леверт имаше 22 поени за Нетси, додека Ејвери Бредли беше најефикасен за Лејкерси со 14 поени. Леброн играше 12 минути и имаше само шест поени, исто како и Ентони Дејвис.

Со овој меч се става крај на овогодишната проблематична кинеска турнеја на НБА клубовите, по контроверзите околу поддршката за протестите во Хонгконг од страна на генералниот менаџер на Хјустон рокитс. Поради овие причини по крајот на мечот, немаше прес-конференција, ниту изјави на кошаркарите и тренерите.

Scroll to Top