Сампдорија реши да го отпушти Еузебио ди Франческо по слабиот старт на сезоната, потврди клубот од Џенова со соопштение во кое велат дека „взаемно се договориле“ да го прекратат договорот на поранешниот тренер на Рома.
Според „Ла газета дело спорт“, Ди Франческо ќе добие околу 1.8 милиони евра од Сампдорија, или едногодишна плата за неговиот тригодишен договор со клубот од „Мараси“.
Ди Франческо стана тренер на Сампдорија ова лето, но имаше ужасен старт на сезоната, со шест порази и една победа во првите седум кола од Серија А по што неговиот тим е на последното место на табелата. Според „Скај спорт Италија“, Бепе Јакини е првиот фаворит да го замени Ди Франческо. Јакини беше тренер на Самп во 2012 кога го внесе клубот во Серија А.
?U.C. #Sampdoria: comunicato stampa del 7 ottobre 2019 ➡️ https://t.co/PJ4HyNn3hF pic.twitter.com/4AHTQDq2Cf
— U.C. Sampdoria (@sampdoria) October 7, 2019