Тимот на Сампдорија очигледно е најпогодениот од пандемијата на корона вирусот, откако според италијанските медиуми уште четири нивни фудбалери биле позитивни по признанието на Маноло Габијадини во четвртокот.
Според новинарот Фабрицио Романо покрај Габијадини и Омар Коли, Албин Екдал, Антонино ла Гумина и Мортен Торсби имале позитивни тестови.
Досега, во Италија уште Даниеле Ругани од Јувентус е потврден како позитивен на Ковид-19, по што целиот состав на Јувентус е во изолација, а во Англија е позитивен тренерот на Арсенал, Микел Артета и фудбалерот на Челси, Калам Хадсон-Одои.