Top Sport

Сан: Џек Грилиш и Саша Етвуд се новите Бекамови

И покрај шпекулациите во британските таблоиди околу наводното неверство на Џек Грилиш, неговата девојка Саша Етвуд останува зад ѕвездата на Манчестер сити, а „Сан“ тврди дека планот е да станат фудбалска двојка за пример по примерот на Дејвид и Викторија Бекам.

Џек и Саша се заедно од своите тинејџерски години, иако оваа врска се „потресе“ по шпекулациите дека Грилиш се обидел да стапи во врска со актерката Емили Атака и со ѕвездата од реалните шоуа, Амбер Гил.

„Саша му верува на Џек и двајцата се подготвени да ги надминат сите проблеми. Сакаат да работат на својата врска и покрај тоа што таа е вознемирена што нејзиното момче е поврзувано со вакви приказни. Но, таа е фокусирана тие да станат нови Пош и Бекс и да ја надминат драмата“, изјавила пријателка на двајцата за „Сан“.

26-годишниот Грилиш и 25-годишната Етвуд се во потрага на нов дом во Манчестер, додека Етвуд се обидува да се промовира како манекенка. Останува да се види дали можат да ги достигнат височините на Бекамови.

Scroll to Top