Top Sport

Германците ја декласираа Франција за прво изненадување на Евробаскетот

Германските кошаркари го направија првото изненадување на Евробаскетот, откако во Келн со 76:63 ја победија фаворизираната Франција, во меч кој започна со повлекувањето на германскиот дрес со број 14 на легендарниот Дирк Новицки.

Јоханес Тиман имаше 14 поени за Германците, Маодо Ло додаде 13 поени и 5 скока, додека кај Французите најдобар беше Гершон Јабуселе со 18 поени. Во нервозниот почеток на мечот, Германците имаа четири поени предност по првата четвртина (17:13), по што го заддржаа водството до полувреме, кога имаа седум предност (38:31).

Французите се „разбудија“ во третата четвртина за да поведат со 39:38, но потоа до крајот на третината, Германија направи огромни 14 поени предност, 57:43.

ГРУПА Б
Босна и Херцеговина – Унгарија 95:85
Словенија – Литванија 92:85
Франција – Германија 63:76

Scroll to Top