Top Sport

Сандро Росел: Во затвор сфатив зошто ни даваат кондоми и вазелин

Поранешниот претседател на Барселона, Сандро Росел, помина две години во затвор поради перење пари во периодот додека го водеше клубот. Росел беше во затвори во Барселона и во Мадрид.

Тој го презеде клубот во 2010 година од Жоан Лапорта, а потоа почнаа да доаѓаат и обвинувањата. Сето тоа резултираше со затворска казна пред шест години, а Росел за шпанските медиуми откри како е да се биде во затвор.

„Многу пати ми се закануваа, но моите другари од ќелијата ме спасија и ме бранеа. Сакаа да ме претепаат неколку пати. Првиот пат во Мадрид затоа што на еден затвореник му пречеше тоа што сум Каталонец, а вториот пат затоа што бев претседател на Барселона“, изјави тој.

„Ме бранеа и не бараа ништо за возврат. Еден ми се закануваше дека морам да му плаќам сѐ во животот или ќе ме убие, но и тогаш моите пријатели ме бранеа. Во Барселона станав пријатели со „кралот на циганите“ во затвор. Еден од неговите еднаш ми се закани, а тој само му кажа неколку зборови и сѐ беше готово“.

Рече дека често плачел во затворот, а потоа откри зошто при влегувањето во затворот му дале четири кондоми и четири кесички вазелин.

„Никој не бара, ти ги даваат на влезот, не разбрав зошто, но набрзо сфатив сè. Во затворите има многу хомосексуални активности, дури и од луѓе кои не се хомосексуалци“, изјави Сандро Росел и неговите зборови станаа вирални.

Scroll to Top