Top Sport

Сари: Ќе зборуваме за иднината по финалето на Лига Европа

Тренерот на Челси, Маурицио Сари вели дека ќе разговара со бордот на клубот за неговата иднина во Лондон по финалето од Лига Европа следната недела.

Сари го замени својот италијански сонародник Антонио Конте пред 10 месеци заминувајќи од Наполи, но веднаш е поврзуван со враќање во Италија како главен тренер на Јувентус, кои го отпуштија Масимилијано Алегри.

„Мојата иднина сега е во среда. Можам да размислувам само за финалето во моментов. Имам уште две години од договорот, немам контакти со други клубови. Ќе зборувам со луѓето од Челси по финалето, но јас сум среќен тука. Ми се допаѓа Премиер лигата, во моментов најважниот шампионат на светот и навистина е возбудливо да си тука. Сега, мислам само на финалето. Челси е еден од најголемите клубови во Англија, но мораме да разговараме за ситуацијата, што е нормално по крајот на сезоната. Манчестер сити последните две години освоија сè во Англија. Нивниот фудбал не е како нашиот, но е сличен и мислам дека можеме да го играме тој фудбал“, вели 60-годишниот Сари.

Scroll to Top