Top Sport

Сари: Сити се најдобриот тим во Европа

Менаџерот на Челси, Маурицио Сари, рекол дека кандидатите за титулата во Премиер лигата на Англија, Манчестер сити се најдобриот тим во Европа. Во пресрет на дербито, Италијанецот рекол дека „сините“ немаат шанси во борбата за титулата за која се бореле Ливерпул и Сити.

„Во моментов мислам дека ќе се бориме за четвртото место. Оваа сезона можеме нешто да освоиме, но тоа не е Премиер лигата. За титулата борбата се води помеѓу Ливерпул и Манчестер сити. Мислам дека во моментов Сити се најдобриот тим во Европа“, рекол Сари.

Сити ќе ги пречека Челси в недела во дербито на 26 коло, во Премиер лигата. Натпреварот ќе започне во 17 часот. Во првиот дуел сезонава Челси славеа со 2:0.

Scroll to Top