Top Sport

Сари: Заслужено сме елиминирани

Тренерот на Лацио, Маурицио Сари, призна дека елиминацијата на неговиот тим од Конференциската лига на УЕФА е сосема заслужен. „Орлите“ на речиси идентичен начин како и на првиот меч загубија со 1:2 и на реваншот против АЗ Алкмар и се пристија од натпреварувањето веќе во осминафиналето.

Според стратегот, тоа е сосема реално со оглед на настапите на двете екипи.

„Заслужено сме елиминирани. Бевме во игра до израмнувањето, а потоа престанавме да веруваме и да играме. Нашиот фокус мораше да остане на играта. Добив впечаток дека по израмнувачкиот гол тотално изгубивме надеж, што беше погрешно бидејќи имаше да се играат уште цели 55 минути. Но, ни недостасуваше физичка или ментална енергија. Во тој момент стана многу тешко да ја оствариме нашата цел“, изјави Сари.

Scroll to Top