Top Sport

Џордан ги продава Шарлот Хорнетс за шестпати поголема сума од инвестицијата

Мајкл Џордан се подготвува да го продаде НБА тимот, Шарлот Хорнетс. Најдобриот кошаркар на сите времиња е во сериозни преговори со актуелниот малцински сопственик Гејб Плоткин и Рик Шнал, малцинскиот сопственик на Атланта Хоукс за продажба на клубот.

Џордан првпат купи малцински удел во тогашните Шарлот Бобкетс во 2006 година, а стана нивен мнозински сопственик во 2010 година во зделка вредна 275 милиони долари.
Франшизата моментно е проценета на 1,7 милијарди долари и е една од најмалку вредните во НБА, но повторно шест пати поголема од вредноста на инвестицијата на Мајкл Џордан.

За споредба, Мат Ишбија го купи Феникс Санс минатиот месец за дури 4 милијарди долари, но продажбата на Хорнетс нема да биде ни приближно толку профитабилна бидејќи Џордан ќе задржи удел, а Плоткин веќе има удел во франшизата.

Иако неговата играчка кариера никој не ја надмина, Џордан не се прослави како сопственик. Откако тој стана мнозински сопственик на Хорнетс во 2010 година, тие само трипати се пласираа во плејофот и секој пат беа елиминирани во првото коло.

Scroll to Top