Саудиска Арабија, Египет и Грција сакаат заеднички да бидат домаќини на Светското првенство во 2030 година. Турнирот ќе се одржи повторно во зима доколку биде избрана нивната понуда.
Британски „Тајмс“, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата, тврди дека заедничката понуда на Саудиска Арабија, Египет и Грција за домаќини на мундијалот ќе биде официјално објавена во рок од неколку недели. Одлуката е донесена по преговори на владино ниво.
Доколку овие земји го добијат правото да бидат домаќини на Светското првенство во 2030 година, Саудиска Арабија ќе покрие дел од трошоците за подготовка на инфраструктурата во Египет и во Грција.
Трите земји ќе бидат сериозни конкуренти на заедничката кандидатура на Шпанија и Португалија, која е поддржана од УЕФА. Саудиска Арабија, Египет и Грција претставуваат три различни конфедерации и се очекува да бидат поддржани од Азија, Африка и некои европски земји.
Четири јужноамерикански земји, Уругвај, Аргентина, Чиле и Парагвај, исто така се пријавија за домаќини на Светското првенство во 2030 година.