Дефанзивецот на фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија, Јасер Aл-Шахрани, е успешно опериран и сигурно ќе ги пропушти преостанатите средби на селекцијата на СП 2022 во Катар, пренесува „Ројтерс“.
Дефанзивецот ја заработи повредата за време на вчерашната сензационална победа од 2:1 во групата Ц против Аргентина.
Ал-Шахрани падна на земја откако се судри со голманот Мохамед Ал Оваис во судиското надополнување и беше изнесен надвор од теренот на носилки.
„Јасер Ал-Шахрани беше подложен на успешна операција во болница во Ријад“, објави Саудиската федерација на социјалните мрежи.
Неговиот судир со голманот резултирал со фрактура на вилицата, скршени коски на лицето и внатрешно крварење. За скршеницата на лицето беше потребна операција на клиника во Германија, како и уште една процедура за да биде сопрено внатрешно крварење.
Потоа Јасер Ал-Шахрани се вратил во Саудиска Арабија и повторно е опериран, поради внатрешно крварење на панкреасот.