Англискиот селектор, Герет Саутгејт, пред новинарите го објасни својот избор да го повика капитенот на Манчестер јунајтед, Хери Мегваер за Светското првенство во Катар, иако тој има само три старта во Премиерлигата оваа сезона.
29-годишниот Мегваер е на „немилост“ на менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг, кој ги преферира Лисандро Мартинез и Рафаел Варан како стартери, но и покрај тоа тој се најде на списокот на Саутгејт, за кого веќе има одиграно 48 меча.
„Имавме добра комуникација со сите клубови во овој период за да дознаеме кој игра, колку е оптоварен и сите други детали. Некои имаа напорен распоред, некои не, и затоа бираме играчи со различно фитнес-ниво. Ги избравме искусните дефанзивци, бидејќи младите имаат квалитет, но уште не се докажале доволно да ги истуркаат поискусните од тимот. Мегваер е еден од нашите најдобри централни бекови“, вели Саутгејт.
🗣 "He's one of our best centre-backs."
Gareth Southgate on Harry Maguire's inclusion in the England squad pic.twitter.com/FaNI1EJyQC
— Football Daily (@footballdaily) November 10, 2022