Top Sport

Саво Милошевиќ повеќе не е селектор на БиХ

Саво Милошевиќ повеќе не е селектор на Босна и Херцеговина, пишуваат медиумите во оваа земја.

Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина одлучи да не го продолжи договорот со Милошевиќ откако тој не успеа да ја одведе репрезентацијата на Европското првенство. Во дополнителните квалификации БиХ беше поразена од Украина.

Милошевиќ беше селектор од септември 2023 година.

Медиумите од БиХ наведуваат и дека 52-годишниот Сергеј Барбарез е најголем фаворит за испразнетото селекторски место.

Барбарез е легенда и поранешен капитен на Босна и Херцеговина, но нема тренерско искуство. И покрај тоа, тој со години е голема желба на навивачите на БиХ, а во стручниот штаб треба да му се придружи Емир Спахиќ, уште еден поранешен капитен на репрезентацијата.

Барбарез за репрезентацијата на Босна и Херцеговина играше од 1998 до 2006 година и во тој период забележа 47 настапи и постигна 17 голови.

Од моментот кога го напушти Вележ во 1991 година, целата кариера ја помина во Германија, каде што играше за Хановер, Унион Берлин, Ханза Росток, Борусија Дортмунд, ХСВ и Баер Леверкузен.

Scroll to Top