Газдата на Челси, Роман Абрамович очигледно ужива во германските производи, откако по преземањето на Каи Хаверц и Тимо Вернер минатото лето, сега се појавија снимки од неговата нова супер-јахта, која се гради во пристаништето Бремерхавен.
Рускиот милијардер веќе е сопственик на „Еклипс“, јахтата која чини 669 милиони долари, но екстравагантноста ќе биде надмината со „Соларис“, опишан како најмоќната јахта на светот, на која ќе има осум нивоа и хелипад.
На јахтата од 140 метри ќе има 48 простории, дополнителен персонал од 60 луѓе и ќе може да патуваат 36 патници.
Нема шега!
View this post on Instagram
View this post on Instagram