Многу млади фудбалери би сакале да бидат како Кристијано Роналдо. Ако не можат да ги покажат неговите квалитети во текот на играта, тогаш се обидуваат да бидат како него кога ќе постигнат гол.
На натпревар во Вијетнам, за играчи до 17 години, едно момче постигна гол на празна мрежа, а потоа ја изведе препознатливата прослава на Роналдо „Сиуууу“.
Прославата не изгледаше лошо на прв поглед, но стана јасно дека се тргнало наопаку кога фудбалерот веднаш започнал да куца. И додека камерите ја прикажуваа разгалената публика, тој легна со болна гримаса на лицето поради очигледна повреда на коленото.
На крајот на носилки го напушти теренот.
SIUUUUUU pic.twitter.com/YYfMKa2ie9
— That's what happens. (@RukaGardner) March 22, 2023