Top Sport

Се растури трансферот на Брозовиќ, Интер ги прекина преговорите со Ал-Наср

Се случи неочекуван пресврт во сагата околу трансферот на Марсело Брозовиќ. Ал-Наср претходно му понуди на Интер 23 милиони евра обештетување, што италијанскиот клуб го прифати, но сега од непознати причини Саудијците одлучија да ја намалат понудата на 15 милиони (13 + бонуси).

Интер ја одби таа понуда и ги прекина преговорите.

Брозовиќ синоќа по долго двоумење и преговори ја прифати понудата на Ал-Наср. Клубот од Ријад му понудил годишна плата од 20 милиони евра, но Брозовиќ испратил контрапонуда според која за три години сака да заработи 100 милиони, што на крајот Саудијците ја прифатиле.

Сепак, по ова се обиделе да го променат претходниот договор со Интер, што не успеаја.

Scroll to Top