Во Барселона уште се надеваат дека ќе го убедат Лионел Меси да остане во клубот, но членови на бордот на каталонскиот гигант за „ЕСПН“ изјавиле дека клубот е отворен за можноста да го продадат капитенот за вистинска сума.
Новиот тренер Роналд Куман јавно изјави дека сака да го гради тимот околу Меси, но на вчерашниот итен состанок со Меси, тој изненадувачки изјавил дека е поблиску до заминување отколку до останување во тимот.
Дел од директорите на клубот, затоа велат дека тимот мора да биде подготвен да ги слушне понудите кои ќе му дозволат на Куман да гради нов тим со намалени плати. Меси имаше јавен конфликт со поранешниот спортски директор Ерик Абидал, а исто така го критикуваше бордот на клубот за притисокот кој го поставуваат на фудбалерите за намалување на платите поради корона вирусот.
На теренот, пак , доаѓаа само разочарувања во Лигата на шампионите – по двете елиминации од Рома и Ливерпул, следуваше понижувачкиот 8:2 пораз од Баерн Минхен.
Засега, никој не е подготвен да постави цена за услугите на Аргентинецот, а клубот посочува кон откупната клаузула со неверојатни 700 милиони евра, иако мора да се знае дека тој може да си замине бесплатно следното лето ако не потпише нов договор.
Barcelona hope to convince Messi to stay at the club but some members of the board have told @moillorens & @samuelmarsden that they would consider letting him leave under the right circumsances: https://t.co/7NaQ1HrIBC pic.twitter.com/YrgXsD17uS
— ESPN FC (@ESPNFC) August 21, 2020