Top Sport

Сејдини: Оваа Македонија е ‘родена’ за големи нешта (ВИДЕО)

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, со видео порака од Палермо се обрати до сите македонски граѓани. Порача да веруваат во силата на фудбалскиот национален тим, затоа што нивната храброст и одлучност досега покажа дека Македонија е способна за големи дела.

„Драги наши, оваа репрезентација и овие момци ги краси карактер и заедништво. Тие веќе покажаа дека се родени за големи работи. Веруваат во себе и знам дека ќе дадат се од себе да го остварат сонот за пласман на Светско првенство.Благодарност до сите навивачи кои дојдоа да ја бодрат нашата репрезентација. Уживајте во натпреварот“, изјави Сејдини.

Scroll to Top