Top Sport

Секоја чест! Демирал собра над 470.000 долари за жртвите на земјотресот!

Турскиот фудбалер на Аталанта, Мерих Демирал успеа да собере над 470.000 долари за жртвите од земјотресот во Турција преку аукција на дресовите и ракавиците од фудбалските суперѕвезди.

Дефанзивецот Демирал на Твитер објави дека дресовите на Килијан Мбапе, Ерлинг Халанд и Антоан Гризман биле продадени за вкупно 76.000 долари во вторникот, откако претходно беа продадени и дресови и ракавици на Џанлуиџи Буфон, Карим Бензема, Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Нејмар.

Средствата ќе бидат уплатени во турската невладина организациј „Ахбап“.

И македонскиот репрезентативец и член на Наполи, Елиф Елмас организираше добротворна акција во која ќе бидат продадени дресовите на неговите соиграчи Пјотр Зиелински и Квича Кварацхелија.

Според официјалните цифри досега животот го загубија 35.400 луѓе, а над 105.000 се повредени.

Scroll to Top