Кени Шилс, селекторот на женската фудбалска репрезентација на Северна Ирска се извини за својата изјава по 5:0 поразот од Англија, кога посочи дека фудбалерките примаат повеќе голови во низа бидејќи се „премногу емотивни“.
„Во женскиот фудбал, сум забележал, ако ги погледнете низите, кога тим ќе прими гол, веднаш доаѓа и вториот во брз период, бидејќи девојките и жените се поемоционални од мажите“, изјави Шилс по мечот од квалификациите за Светското првенство.
По големиот број на осуди на изјавата, тој се извини.
„Сакам да се извинам за моите коментари на вчерашната прес-конференција. Горд сум што предводам фудбалерки кои се пример за многу девојки и момчиња во нашата земја. Јас сум промотор на женскиот фудбал и еднаквите шанси“, вели Шилс во извинувањето.