Фенербахче со 10 играчи на теренот не успеа да ја надополни предноста на Трабзонспор од првиот меч, губејќи со 1:3 во полуфиналето на Турскиот куп, дозволувајќи им на гостите да сонуваат за двоен трофеј во Турција оваа сезона.
Трабзон патуваше на „Улкер“ со предност од 2:1 од првиот меч одигран пред паузата поради корона вирусот во март, а клубот исто така е на првото место во Турската Суперлига со ист број на поени со Башакшехир. Иронично, клубот од градот на брегот на Црното Море, има суспензија од една сезона од европските натпреварувања од УЕФА поради непочитување на финансискиот ферплеј.
Клучен за победата беше норвешкиот напаѓач Александер Сорлот (инаку позајмен фудбалер на Кристал палас) кој постигна два гола (во 6. и во 83. минута), а обидот на Фенер да направи подвиг беше поткопан со контроверзниот црвен картон на Емре Белезоглу во 24. минута од мечот, добиен додека беше на клупата. Голот за Фенербахче го постигна Енис Туруч во 42. минута, а печат на мечот стави Филип Новак со гол во 94. минута.