По истекот на договорот од ПСЖ си замина и Серхио Рамос. Се споменуваше дека кариерата би можел да ја продолжи во Саудиска Арабија, но сега работите се сосема поинакви. Интер Мајами е следната дестинација на Рамос.
Шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос последните две сезони ги мина во дресот на ПСЖ каде како слободен играч пристигна од Реал Мадрид. Тој пристигна во летото 2021 година, истата година кога Лионел Меси пристигна во Париз и тогаш двајцата лути ривали станаа соиграчи.
Дотогаш за многумина беше незамисливо да се видат Меси и Рамос во ист дрес, а сега, две години подоцна, повторно би можеле и во уште еден клуб.
Според каталонскиот весник „Спорт“, двете страни се многу блиску до договор и Серхио Рамос ќе потпише едногодишен договор со Интер Мајами.
Серхио Рамос летово ја форсираш опцијата да се врати „дома“ во Севилја, клубот во кој израсна, но Андалузијците решија дека не ги сакаат неговите услуги.