Серхио Рамос на вечерашниот квалификациски меч за Евро 2020 против Фарските Острови во Хихон влегува во шпанската фудбалска историја, со својот 167. настап на „Фуријата“, израмнувајќи се со легендарниот голман Икер Касилјас.
Рамос, кој веќе е шпански рекордер по бројот на победи во националниот дрес, сега е на само 9 настапи од европскиот рекорд на Џанлуиџи Буфон, но и 17 од светскиот рекорд на Египќанецот Ахмед Хасан.
Бидејќи има 21 постигнат гол за Шпанија (од кои осум по СП во Русија), тој може да го израмни и рекордот по бројот на постигнати голови за дефанзивец. Засега, тој рекорд е кај Аргентинецот Даниел Алберо Пасарелја, кој имаше 22 гола во 70 натпревари.