Top Sport

Севилја со големи маки едвај успеа да го победи Кадиз

Шансите Севилја, четвртопласираниот тим од минатата сезона и повеќекратен освојувач на Лига Европа, конечно, излезе од зоната за испаѓање откако во анадлузиското дерби им беше потребен пенал во 88. минута за да стигнат до 1:0 победа над Кадиз.

Тимот на Хорхе Сампаоли сметаше дека има водство во финишот на првото полувреме, кога Ерик Ламела ја затресе мрежата, но ВАР системот одлучи дека имало офсајд при акцијата. По ова, иако имаа над 75 отсто од поседот на топката и 16 удари на голот на противникот, Севилја не успеваа да дојдат до гол, најмногу поради фантастичниот голман на гостите, Аргентинецот Херемијас Ледесма.

Сепак, во 87. минута, Иван Алехо играше со рака во шестнаесетникот, добивајќи црвен картон и давајќи шанса Севилја да стигне до гол преку Иван Ракитиќ и до драгоцени три поени. Севилја скокнуваат на 14. место со 18 поени, само еден поен над зоната за испаѓање, додека Кадиз се претпоследни на табелата со 16 поени.


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top