Фудбалскиот сојуз на Холандија донесе одлука сезоната да продолжи на 19 јуни. Холанѓаните се први кои одредија точен датум за враќање на фудбалот откако сезоната беше суспендирана поради пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД-19. За да продолжи сезоната на 19 јуни дозвола треба да даде и владата на Холандија.
Од Сојузот им препорачаја на клубовите да започнат со индивидуални тренинзи или да тренираат во „помали групи“ на 15 мај, а со нормални тренинзи да започнат на 29 мај.
На 19 јуни треба да се одиграат одложените натпревари Утрехт-Ајакс и АЗ Алкмар-Феенорд.
До крајот на сезоната во Холандија останаа уште осум кола. На табелата водат Ајакс и АЗ со по 56 поени.
Холанѓаните планираат сезоната да заврши до крајот на јули.